fbpx

Објавен нов повик за субвенции за авиолинии

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 март до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски, а јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава во 12:00 часот

-

Откако Комисијата за евалуација на понудите го поништи претходниот тендер, бидејќи констатирала дека авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ не ја доставиле пропишаната комплетна документација, Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период од 2023 до 2025 година.

„Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.

Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 март 2023 година до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски, а јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава, во 12:00 часот.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...