Објавен неверојатниот гејмплеј на долгоочекуваната игра „Horizon Forbidden West“

Horizon Forbidden West
фото: принтскрин од видео / Horizon Forbidden West - State of Play Gameplay Reveal | PS5

Компанијата за гејминг конзоли „Сони“ и „Guerilla Games“ објавија видео од долгоочекуваната игра „Horizon Forbidden West“ во новата онлјан State of Play – презентација. Ова се први официјални снимки од „Horizon Forbidden West“, еден од најголемите наслови кои „Сони“ ќе ги објави годинава. Гејмплејот кој може да се види во видеото е снимен на козолата „Плејстејшн 5“.

Иако сѐ уште не е познат датумот кога играта ќе биде лансирана, со презентацијата се откриени неколку детали од играта која е продолжение на популарната „Horizon Zero Dawn“ од 2017 година.

Новата игра ја носи хероината Елој на ново патување низ уништената Америка. Дејствието се одвива околу илјада години во иднината, во градот Сан Франциско. Во објавеното 14-минутно видео, може да се види дека протагонистката Елој заминува во Сан Франциско за да го извлече нејзиниот заробен пријател, а на главниот лик сега му се достапни нови и неверојатни алатки, оружја и машини.

Во играта ќе биде прикажан нов свет исполнет со опасни машини во облик на животни, додека главниот лик ќе научи како човештвото „пропаднало“ по достинувањето на овие технолошки чуда.

Девелоперите најавуваат повеќе информации околу објавувањето на играта наскоро.