Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Учениците кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава или директно да поднесат хартиена пријава во ученичкиот дом

-

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за прием на ученици во некој од 17 јавни ученички домови низ државата. Учениците кои ќе ги исполнат условите ќе добијат сместување и исхрана.

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2025/2026 година, кои се државјани на Македонија, кои се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионот односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење. Услов е и училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз, односно училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

„Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена oвде или директно да поднесат хартиена пријава во ученичкиот дом. Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25 јуни година и трае до 10 јули. По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука“, информираат оттаму.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...