Објавен конкурсот за попишувачи и инструктори

Фото: Nick Morrison на Unsplash

Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен, во рамките на Пописот 2021.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.