Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Во видеото се наведува дека агенцијата ѝ платила 20 милиони долари на Анџелина Џоли, 5 милиони долари на Шон Пен, 8 милиони долари на Орландо Блум, 4 милиони долари на Бен Стилер и 1,5 милиони долари на Жан-Клод Ван Дам – чиешто име е погрешно напишано. Но, видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News, изјавил за АФП на 5 февруари портпаролот на медиумот

-

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека наводното видео на Е њуз „ги има сите индикации дека е руско фабрикувано видео поставено и раширено со познати методи“, пишува Вистиномер.

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Се сеќавате кога голем број на холивудски ѕвезди „поттикнати од храброста„ на украинците и во име на „демократијата„ му искажуваа поддршка на тој копукот во Украина ? Епа не било до убедувањето, до парите било. УСАИД ги поттикнал со милиони долари. Не само УСАИД, и тоа педофилско гнездо наречено Холивуд треба да се уништи.

Објавата споделува и видео наводно објавено од Е њуз (логото на E news се гледа на видеото) во кое се  вели дека УСАИД спонзорирал американски ѕвезди да ја посетат Украина по руската воена инвазија.

Во видеото се наведува дека агенцијата ѝ платила 20 милиони долари на Анџелина Џоли, 5 милиони долари на Шон Пен, 8 милиони долари на Орландо Блум, 4 милиони долари на Бен Стилер и 1,5 милиони долари на Жан-Клод Ван Дам – чиешто име е погрешно напишано.

Но, видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News, изјавил за АФП на 5 февруари портпаролот на медиумот.

Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на 5 февруари, на социјалната мрежа Икс изјави дека наводното видео на Е њуз „ги има сите индикации дека е руско фабрикувано видео поставено и раширено со познати методи“.

Видеото исто така се прошири и на руските канали на Телеграм и на Правда, руски државен медиумски сајт, посочува АФП.

И покрај тоа што секој од актерите именувани во клипот бил во Украина, нема докази дека УСАИД им доделил пари.

Анџелина Џоли, главен донатор на хуманитарните напори ширум светот, ја посети Украина во 2022 година. Таа во тоа време служеше како специјален пратеник за агенцијата за бегалци на ОН, но патувањето го направи лично, изјави портпаролот на ОН.

Шон Пен отпатува во Украина во 2022 година додека снимал документарец за војната и Зеленски. Бен Стилер се сретна со украинскиот лидер истата година додека беше во посета како амбасадор на добра волја на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, а Орландо Блум го запозна во 2023 година како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Ван Дам отиде во Украина во 2022 година „за да пренесе порака за надеж и мир“, според неговиот канал на Јутјуб.

Актерот Бен Стилер реагираше на видеото на социјалната мрежа Икс на 5 февруари, посочувајќи дека сам си ја платил посетата на Украина во 2022 година, без пари од УСАИД и секако неговата посета не била на туѓа сметка.

Ова се лаги кои доаѓаат од руските медиуми. Јас целосно го финансирав моето хуманитарно патување во Украина. Немаше финансирање од УСАИД и секако никакво плаќање. 100 проценти лажно, напиша тој.

Агенцијата на ОН за бегалци во соопштение од 6 февруари 2025 рече дека Стилер „не добива компензација за неговата работа со УНХЦР и самостојно го финансира своето патување“.

Бен го поддржува УНХЦР од 2016 година и е амбасадор на добра волја од 2018 година. Благодарни сме за долгогодишната поддршка на Бен за бегалците и насилно раселените лица, се наведува во соопштението.

Адвокатот на Шон Пен, Метју Розенгарт, во изјава за АФП рекол дека тврдењата во видеото оти УСАИД му плаќал на актерот се „целосно лажни и е опасно и неодговорно некој да ja повторува оваа информација без да ја анализира или разбира пропагандата и овие невистини“.

Доколку овие лажни, непромислени и клеветнички изјави продолжат, г-дин Пен ќе ги преземе сите соодветни правни мерки, додал тој.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на претседателот на Украина, објави на Икс дека најновиот клип за УСАИД што плаќа познати личности е „целосна глупост“.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...