Обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци во име на Халкбанк

Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба

-

Халкбанк АД Скопје информираше дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични податоци и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до македонските граѓани. Овие активности сè уште се актуелни, додаваат од таму.

„Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба“, велат од Халкбанк АД Скопје.

Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, граѓаните да не внесуваат лични или финансиски податоци на посочените веб- страници и да бидат внимателни.

„Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали“, велат од банката.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...