fbpx

Обид да се отвори пругата кај Идомени

-

Железничката пруга на Идомени беше отворена, па повторно блокирана. Утринава грчката полиција спроведе интервенција со молба до бегалците да се повлечат од желеничките пруги. Иако стотици бегалци се релоцираа заедно со шаторите, по кратко време тие повторно се вратија, затворајќи ја пругата која веќе еден месец е блокирана и надвор од употреба.

Според весникот „Етнос“, пругата била слободна сè на сè еден час, а бегалците потоа повторно се вратиле и поставиле шатори на пругите, кои за многумина од нив се дом повеќе од четири недели.

Утринската акција на полицијата била ненасилна и, според полициските информации, бегалците биле информирани и замолени да се преместат и да ги ослободат пругите. Акцијата помина без тензии и проблеми, освен реакцијата на 10-15 бегалци кои легнаа на шините и одбиваа да заминат.

Во Идомени сè уште има повеќе од 10.000 бегалци, а нивниот трансфер во бегалските центри се одвива многу бавно. Многумина сè уште не сакаат да заминат, а за дел од нив и нема места во центрите. Владата е во трк со времето да прилагоди стари индустриски хали во прифатни центри за да се овозможат нови 20.000 места, со што ќе може да се сместат сите бегалци во подобри услови за живот.

Затворената железничка линија е голема главоболка и за грчките компании и за железницата, кои се соочуваат со огромни загуби поради блокираниот железнички транспорт и неопходноста да се пренасочат стоките за извоз во Европа преку Бугарија, чекор кој ги чини илјадници евра поскапо и доцнење од два до три дена повеќе во споредба со транспортот преку линијата Солун – Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...