Обезбеден е организиран превоз за учениците и студентите со попреченост

Фото: Град Скопје

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното
место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и
студираат и назад со адаптирани возила, информираат од Град Скопје.

Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат
настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје ќе се реализира со
адаптиран автобус и минибус комбе.

Од Град Скопје велат дека возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци за сите 80 ученици и студенти со попреченост кои го користат овој вид превоз. За успешно реализирање, Здружението на студенти и младинци со попреченост со целната група и возачите ќе прави неделен распоред и организира маршрути.

Договорот за организираниот превоз е склучен меѓу Градот Скопје и ЈСП. Проектот е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.