fbpx

Обединетото Кралство и Франција со нови ковид-протоколи за влез на македонски државјани

-

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство (ОК) на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.

„ОК го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 г. Дополнително, за невакцинирани лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат ОК не го признава, на пример Sputnik“, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР потсетуваат дека на државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Воедно, македонските државјани може да влезат во Франција доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield и Johnson & Johnson.

„Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација“, наведуваат во соопштението на МНР во однос на условите за влез во Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...