fbpx

Обдукцијата на Литвиненко, најопасна на сите времиња

-

Патолозите кои пред девет години ја извршиле обдукацијата над телото на поранешниот агент на руската безбедноста служба ФСБ, Александар Литвиненко, отруен со реткиот радиоактивен изотоп полониум 210 во Лондон, ја извршиле најопасната обдукција на сите времиња, било речено на Високиот суд, при изнесувањето на доказите во рамките на јавната истрага, почната во јули минатата година, пренесува Хрватската радио-телевизија(ХРТ).

Патолозите изјавиле дека најверојатно никогаш не би ги откриле причините за смртта на Литвиненко, да не биле направени некои истражни дејства. Според британската полиција, Литвиненко починал три недели откако испил затруен чај во луксузниот лондонски хотел „Милениум“. Се верува дека со полониум 210 го отруле двајца руски агенти, Андреј Луговој и Димитриј Ковтун.

Како што пренесува ХРТ, истражниот комитет посведочил дека благодарение на интуицијата на полицијата, биле ангажирани научници за нуклеарна енергија кои два дена пред смртта на Литвиненко откриле дека тој е позитивен на труење со алфа-радијација.

Главниот патолог, Нет Кери, изјавил дека без тоа причината за смртта никогаш не би била откриена и дека досега не знае за друг случај на труење со алфа-радијација во Велика Британија, ниту во светот. Неговиот помошник Бенџамин Свифт додал дека тоа била најопасната обдукација изведена некогаш.

Оние кои ја извршиле обдукцијата, биле облечени во костуми со двојна заштита, а дишеле филтриран воздух. Еден од водечките британски нуклеарни научници, идентификуван како А1, изјавил дека и најмало количество, од нанограм до микрограм полониум, би имало фатални последици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...