fbpx

Обама воведе нови санкции кон Северна Кореја

-

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се воведат нови санкции кон Северна Кореја, по спроведените незаконски нуклеарни проби и лансирањето сателит.

Со наредбата, се замрзнува имотот на владата на Северна Кореја во САД и се забранува извоз или американски инвестиции во Северна Кореја.

Со нуклеарната проба извршена на 6 јануари и лансирањето на сателитот на 7 февруари се прекршени постојните санкции на ОН, пренесува „Би-би-си“.

Наредбата на Обама опфаќа мерки од пакетот неодамна договорени санкции од Советот за безбедност на ОН, што се најстроги санкции во последните неколку децении насочени против Пјонгјанг.

Наредбата, исто така, содржи посебни санкции што ги воведоа американскиот конгрес и претседателот на САД во февруари.

– САД и меѓународната заедница нема да толерираат незаконски нуклеарни и балистички активности на Северна Кореја.

– Ќе продолжиме да наметнуваме сè додека Пјонгјанг не почне да ги почитува меѓународните обврски – изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Обама рече дека санкциите не се насочени против народот на Северна Кореја и напомена дека раководството на државата сноси одговорност.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...