fbpx

Обама порача Грција да продолжи со спроведувањето на економските реформи

-

Јасна порака дека Грција мора да продолжи со реформите, а меѓународните кредитори да овозможат намалување на грчкиот долг за Грција да се движи кон економски развој, испрати американскиот претседател Барак Обама од Атина.

Според информациите од владиниот кабинет, Ципрас и Обама не разговарале за спорот меѓу Македонија и Грција. Грчкиот долг и економијата биле главна тема на која се фокусирале Обама и грчкиот премиер Алекис Ципрас.

– Зa реформите да бидат одржливи, на грчката економија ѝ треба простор да се врати во развој и да почне повторно да создава нови работни места. Не можеме да гледаме на штедењето како стратегија и важно е грчките луѓе повторно да почнат да гледаат подобрување во секојдневниот живот. Како што Грција продолжува со реформите, ММФ има посочено дека олеснувањето на долгот е клучно и јас ќе продолжам да апелирам до кредиторите да ги направат потребните чекори за да ја вратат Грција на патот кон економското заздравување бидејќи е во наш интерес Грција да успее – истакна Обама.

Обама посочи дека сочувствува со грчкиот народ за тешкиот и болен период на реформи и мерки за штедење, но посочи дека овие реформи се неопходни за државата повторно да има напредок и да стане атрактивна за инвеститорите. Грчкиот премиер изрази благодарност за американската поддршка во тешките моменти кога останувањето на Грција во еврозоната беше под знак прашалник и истакна дека државата веќе не може да поднесе нови мерки за штедење.

Тема на разговор била и бегалската криза, за која Обама ги поздрави грчките напори и начинот на кој човечно им помогнале на бегалците. Обајцата лидери истакнаа дека е од голема важност да се одржи договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците, со кој се контролира бегалскиот бран. Говорејќи за бегалската криза, Ципрас упати критика кон европските и балканските држави за затворање на балканската рута за бегалците и за мигрантите.

– Ние сме држава која и покрај унилатералното затворање на балканската рута и притисоците врз нас за прекршување на заедничките вредности, сè уште инсистира дека единствениот пат за справување со бегалската криза е почит на меѓународното право, соработка со транзитните држави и државите на потекло и справување со корените на миграцијата – посочи Ципрас.

На состанокот се разговарало и за енергетиката и за новите гасоводи кои ќе поминуваат низ Грција, ТАП и ИГБ, можностите за зајакнување на билатералната соработка, кипарското прашање, соработката во НАТО и за нови американски инвестиции во Грција.

Обама и Ципрас се фокусирале и на безбедноста во регионот и на неопходноста од соработка во борбата со тероризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...