fbpx

Обама ќе бара нови воени овластувања од Конгресот

-

Американскиот претседател Барак Обама на прес-конференција изјави дека ќе поднесе барање до Конгресот за финансирање на американските војници и лекари во Западна Африка кои се борат против ширењето на еболата.

Најавувајќи го неговиот ангажман со Конгресот за нови овластувања околу употребата на воена сила против милитантите на Исламската држава тој рече:

– Светот треба да знае дека ние сме обединети околу овој напор и оти нашите војници ја заслужуваат нашата јасна и единствена поддршка. Прерано е да кажеме дали победуваме бидејќи, како што кажав и при покренувањето на кампањата, станува збор за долгорочен план – изјави Обама.

Обама вети дека ќе работи со републиканците на продуктивен начин и оти изборните резултати биле сигнал од гласачите дека тие сакаат нивните избраници во Вашингтон да си ја вршат работата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...