fbpx

Обама: Го потценив степенот на влијание што го имаат лажните информации

-

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, изјави дека признава дека го потценил влијанието на „лажните информации и хакирањето“ врз демократијата.

Обама ова го истакна во интервју за „Еј-би-си“, алудирајќи на извештајот на разузнавачките служби за руското мешање во претседателските избори во САД. Во извештајот се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин го наредил хакирањето, пуштањето лажни информации и медиумската манипулација за да се дискредитира кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, а истовремено да се зајакне Доналд Трамп.

– Мислам дека го потценив степенот на влијание во оваа нова информативна ера, што го имаат лажните информации, особено на социјалните мрежи и како може да се вовлечат во нашата демократска практика – изјави Обама.

Обама за извештајот на разузнавачките служби рече дека Путин тоа го прави веќе извесно време во Европа, пред сè во некогашните советски држави.

Според неговите зборови, на ова мора да се обрне внимание пред претстојните избори во неколку европски земји сојузници на САД и предупреди на можно влијание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Американскиот новинар Еван Гершковиќ осуден на 16 години затвор во Русија

Новинарот на американскиот „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ денеска во Русија беше осуден на 16 години затвор за шпионажа кое се верува дека е политички мотивирано. Руското обвинителство побара тој...