fbpx

Обама денеска во Атина ќе го чуваат 5.000 полицајци и 500 агенти на ЦИА

-

Американскиот претседател Барак Обама од денеска ја почнува дводневната посета на Атина. За грчката влада оваа посета, иако на крајот на мандатот на Обама, е од огромно значење и се проценува дека ќе донесе голема поддршка за намалувањето на грчкиот долг и за бегалската криза. Покрај овие две клучни теми, се очекува Обама да се фокусира и на безбедносната ситуација во регионот, грчко-американските врски, можностите за инвестиции, кипарското прашање и на геостратешката улога на Грција во регионот.

Обама ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас, a ќе присуствува и на вечера во претседателската палата, во присуство на 120 грчки и американски гости. В среда Обама ќе го посети музејот на Акропол и ќе одржи проштален говор од културниот центар „Ставрос Ниархос“.

Главната порака што се очекува од Обама е поддршка за грчките напори за реформи во државата и истакнување на потребата за олеснување на грчкиот долг. Владата во Атина се надева дека Обама оваа порака ќе ја сподели и со канцеларката Ангела Меркел на неговото патување во Берлин, веднаш по посетата на Атина. Проценките се дека Обама ќе посочи дека Грција е неопходно да продолжи да ги спроведува договорените реформи, како и дека ќе разговара за можностите за американски инвестиции во Грција. Грчката влада очекува и благодарност и поддршка за справувањето со клучниот глобален проблем – бегалската криза.

На агендата на средбите на Обама со Ципрас и со Павлопулос ќе се најдат и кипарското прашање, соработката во НАТО, потенцијално и Турција, како и борбата против тероризмот и безбедноста на регионот. Под знак прашалник е дали ќе се отвори спрот за името, кој во Грција посочуваат дека не е од толку големо значење како другите теми.

Посетата на Обама во Атина се одвива под силни безбедносни мерки. Центарот на градот го чуваат 5.000 полицајци, 500 тајни агенти на ЦИА, специјалци и снајперисти. Во моментите кога Обама ќе патува од аеродромот кон центарот на градот, улиците ќе бидат затворени и блокирани за сообраќај, нема да има ниту едно метро од аеродромот кон градот, а метро-станиците во центарот на градот ќе бидат затворени од пладне на неодредено време. Од безбедносни причини, нема да има настава во училиштата во строгиот центар на градот и околу Акропол. Хотелот каде ќе престојува Обама се држи во тајност.

Грчката полиција строго забрани протести за време на дводневната посета на Обама во Атина, но и покрај тоа дел од синдикатите и анархистичките здруженија повикуваат на протести против американскиот претседател и политиката на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсена црногорската директорка на Агенција за спречување корупција

Јелена Перовиќ, директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора била уапсена вчера, соопштија црногорските медиуми. Како што се наведува, перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената...