Во овој стрип албум и публикација се прикажани стрипови кои беа дел од изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“. Во книгата се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и подеднаков свет.
Оваа публикација е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Главната цел на проектот е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниот и приватниот сектор. Проектот обезбедува кариерно советување, практикантство, менторство, како и поддршка на различни иницијативи ширум земјата.
Жири комисијата издвои четири стрип авторки и соодветно ги награди.
Жири комисијата ја сочинуваа два члена од тимот на НМСМ и Стела: Оливер Андреевски и Теодора Милеска, потоа Мајк Меклестер кој што е Британски професор по англиски и цртач на стрипови, и на крај Нада Прља која е професионална уметница од 1998 година и универзитетска предавачка од областа на уметноста. Наградите беа доделени на следните учесници:
– Прво место: Магдалена Марјановиќ и Душица Димитровска
– Второ место: Ангела Петрушевска
– Трето место: Јана Марковиќ
– Специјална награда од жири комисијата: Аника Божиновска
Дополнително, беа доделени четири пофалници на: Гаја Смилевска, Иван Коминовски, Ана Куновска и Антонела Митева. Останатите учесници/учеснички – Ивана Лазаревска, Славица Панева, Менче Здравкова, Марија Стојановска, Христина Здравковски, Габриела Лозаноска, Лили Ана, Сара Ангеловска, Тамара Гашева и Теодора Куновска добија сертификати за учество, што е потврда за нивниот значаен придонес кон промоцијата на родовата еднаквост преку уметноста.