Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

-

Министерството за економија денеска го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари за вграден плински уред по возило.

Како што се наведува во објавениот повик, субвенционирањето ќе важи само за едно возило по семејство. Од државниот буџет за оваа намена се одвоени 15 милиони денари.

Субвенционирањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Право на учество имаат сите сопственици на возила што се произведени во периодот по 2005 година. Потребната документација треба да се достави најдоцна до 2 декември до Министерството за економија.

Субвенциите за вградување плин во возилата се една од владините мерки што е насочена кон справување со проблемот на аерозагадувањето.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...