fbpx

„НВО Инфоцентар“: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба

-

Општините во државава немаат доволно капацитети човечки, финансиски, техничко-технолошки за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области, се вели во истражувањето на „НВО Инфоцентарот“, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од Амбасадата на САД во државата.

„Заради недоволниот број инспектори и капацитети, дури една третина од општините имаат склучено меѓуопштински договори за инспекциски надзор. Овие договори во некои општини даваат резултати, но често пати тие постојат само на хартија и се склучуваат само од формален аспект. Општинските инспектори се назначени од градоначалникот и нему директно му одговараат. Ова претставува опасност за интегритетот на инспекторите односно претставува ризик од корупција. Ризикот од корупција е голем заради фактот што општините, во исто време, се и даватели на услуги и вршат инспекциски надзор над тие услуги. Затоа, инспекторите често се наоѓаат во „маѓепсаниот круг“ на, од една страна политичките и бизнис влијанија, од друга страна законите, граѓаните и јавниот интерес,“ се вели во истражувањето.

Во него се додава дека, досегашното искуство на општинските инспектори покажува дека законската регулатива по која работат и постапуваат е нехармонизирана, а неретко и противречна. Најчесто, инспекторите се соочуваат со недоречености и противречности во законската регулатива при изрекувањето на прекршочните мерки и висината на казните.

„Според општинските инспектори, еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат се малите плати и надоместоци, кои не соодветствуваат на одговорноста и тежината на нивната професија. Тие, исто така, немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, теренски возила, апарати за мерење бучава, заштитна облека и др. Дополнително, кога одат на терен во инспекциски надзор често се изложени на различни ризици (закани, па дури и напади од оние кои се предмет на инспекција) и не се чувстуваат безбедно и заштитено. Немаат осигурување, а некои инспектори се жалат дека надлежните институции или не реагираат, или се бавни. Едновремено, за инспекторите проблем во работата претставува и недоволната соработка со државните институции на национално ниво,“ се додава во истражувањето.

Општините најчесто постапуваат по пријавите и претставките на граѓаните во периодот од една недела до еден месец. Најголеми причини за бавноста во постапувањето се недоволниот број инспектори, како и сложените и долги законски и административни процедури при инспекцискиот надзор.

Истражувањето било спроведено во периодот ноември 2019 – март 2020 година и ги опфати сите општини, како и Градот Скопје. На барањето за пристап до информации од јавен карактер одговорија и доставија документи, 84 проценти од општините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...