fbpx

Нуркачите алармираат дека пастрмката сè помалку ја има

-

Синоќа во Охрид премиерно беше прикажан документарниот филм на „Амфора“ – „Танцот на пастрмките“, во рамките на активностите за празникот Богојавление – Водици.

Филмот се снимал пет години, исклучиво во зимска сезона, во месеците декември, јануари и февруари, период кога се мрести охридската пастрмка, кој охриѓани го викаат „татиљ“ или тотална забрана за ловење.

Нуркачите направиле материјал од 50 часа, конципиран во употреблив материјал за филм од 28 минути, а биле реализирани повеќе од 100 нуркања.

– Нуркањата беа на длабочина од 2 до 15 метри. Некогаш требаше да се нурка и до 40 метри, но за да се реализира целиот овој проект, имавме доста проблеми со планктон, кој го има во големи количества. Некогаш влегувавме ноќе, се случуваше честопати да има многу матни води, да има и струења, но сепак се надевам дека направивме добар филм – вели Милутин Секулоски од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, покрај прикажувањето на филмот, беа изложени и подводни фотографии, а изложбата беше од хуманитарен карактер.

Пастрмката, за жал, ја има сè помалку, а благодарение на вештачкиот мрест, таа полека се обновува. Од „Амфора“ додаваат дека е пожелно да се прогласи мораториум за неколку години, за да се врати популацијата на оваа риба.

– Мислам дека не е доволен само вештачкиот мрест. Мислам дека можеби треба да се прогласи мораториум за неколку години, за да се врати онаа популација на пастрмката која беше пред 10 или 15 години. За време на мрест пастрмката е многу смирена. Професионалните луѓе нуркачи, кои ја познаваат таа работа, знаат дека за да се доближат до неа, треба на кратко и да се престане со дишење, затоа што, пастрмката чувствува кога нуркачот дише, тогаш се плаши и бега – додава Секулоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...