fbpx

Нуланд: Има надеж за решавање на политичката криза

-

Помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, денеска по средбата со премиерот Никола Груевски изрази надеж дека наскоро ќе се реши политичката криза во земјава.

– Време е да се стави крај на кризата. Ние, САД, сме многу задоволни што работиме со ЕУ. Амбасадорот Бејли работи заедно со еврокомесарот Хан за да ги доведат страните да најдат решение што ќе ѝ овозможи на Македонија да се врати на избраниот пат кон евроатлантските интерграции, патот на добра и чиста влада, владеење на правото и слобода на медиумите, сите тие работи кои се важни за државата. Силно ги поддржуваме пакет-мерките кои беа одредени на 2 јуни. Останаа уште неколку прашања кои треба да се решат – рече Нуланд.

Нуланд соопшти дека САД силно ги поддржуваат утрешните разговори, кои ќе бидат под водство на Хан.

– Денеска го минав денот во разговори со заинтересираните страни и со премиерот, за да се намали јазот и да се постигне договор – рече Нуланд, додавајќи дека САД веќе 20 години се пријатели и поддржувачи на Македонија, без разлика кој е на власт во земјата.

Груевски истакна дека европските вредности се водилка за Владата при решавањето на политичката криза.
– ЕУ-вредностите се водилка за решавање на тековните политички премрежиња, што е единствено можно како правно, политичко и институционално решение – рече Груевски.

Премиерот соопшти дека на средбата се разговарало и за што е можно поскоро зачленување на Македонија во НАТО, за потребата од итно почнување на преговорите за членство во ЕУ, како и за трговската размена меѓу САД и Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...