fbpx

Њујорчани ќе се возат со жичница

-

Властите на Њујорк ја разгледуваат можноста за изградба на жичница над реката Ист, која ќе им овозможи на жителите за неколку минути да стигнат од Бруклин до Менхетн. На овој начин ќе се растовари сообраќајниот метеж во градот.
– Сметам дека ова е најдобро решение и ќе се залагам проектот да се оствари – вели градежниот претприемач Даниел Ливај, според кој, ова е единствениот начин да олесни транспортот.

Жичницата би можела да превезе до 5.000 лица за еден час, а патувањето на реката Ист би траело само четири минути.
Доколку проектот се реализира, жителите на Њујорк би се возеле со жичница во текот на 2018 година или најдоцна до 2020 година.

Пред проектот да биде усвоен, треба да добие „зелено светло“ од војската бидејќи инженерскиот корпус на американската војска ги контролора пловните реки во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германските експерти препорачуваат декриминализација на абортусот

Германија треба да го декриминализира абортусот, а во рана фаза целосно да го дерегулира, најави експертската комисија назначена од Владата, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Во раните фази од бременоста...