#NoWasteMK е темата на годинешниот Моден викенд кој ќе се одржи на 2 и 3 октомври

Креација на Son of Salome | Фото: fashionweekendskopje.mk

Моден викенд е најголемата модна манифестација во земјава која оваа есен ќе се одржи по 24-ти пат. За прв пат оваа година центарот на модното збиднување нема да е само Скопје туку и Битола и Штип. Модниот викенд, исто така, ќе се одвива и онлајн, на профилите на социјалните мрежи на Fashion Weekend Skopje. Почетокот на програмата е најавен со агенда на втори октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот „Јагода“.

Тоа е во согласност на #NoWaste програмата која ќе овозможи приказ на колекции инспирирани од креирање преку рециклирање. Сите материјали се отпадно обработливи парчиња кои совршено одговараат на идејниот концепт на проектот. 

„Проектот е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation“, стои на официјалната страна на организацијата Skopje Fashion Weekend.

Оваа револуционерна и иновативна иницијатива потекнува од слоганот „Beyond the Fields“ кој ги поврзува облеката и храната како две неспоиви индустриски гранки.

Одржливата мода може да се јави и под терминот ‘slow fashion’, а ние је истражуваме врската помеѓу него и терминот ‘slow food’ истовремено покажувајќи како може да се вкрстат двата концепта за плодна иднина“, велат од организацијата на Моден викенд Скопје

Како што најавуваат оттаму, модниот настан ќе се одржи во духот на пандмиолошката состојба па сите колекции ќе бидат претставени преку дигитални видеа со ревии и обраќања од страна на дизјанерите, додека парчињата ќе бидат поставени во шоурум и на изложби.

Со програмата се предвидени и разговори на тркалезна маса што ќе истражуваат и дискутираат теми за одржливост.

Инаку, годинешниот Моден викенд е подготвен во соработка со Македонската модна асоцијација (Macedonian Fashion Association).

Овие два дена посветени на модата во Македонија ќе ги претстават делата на вкупно 30 креативци, кои како што велат од организацијата на Моден викенд, се менувачи на правилата на играта во модниот бизнис.

Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека – Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya се само дел од дизајнерите чии креации ќе имаме можност да ги проследиме оваа година.