fbpx

Новозаболениот со Ковид-19 од Штип е таксист, се бараат неговите контакти

-

Вчерашниот потврден случај на Ковид-19 во Штип е возач на такси возило, кој веќе е хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Информацијата ја потврдија во Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти. Имајќи предвид дека се работи за таксист, тешко е да се направи целосниот спсиок со контакти, пред сè на луѓе кои се превезувале во неговото возило. Иако, како што соопштуваат од Центарот, заболениот не возел неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Освен тоа, човекот бил прилично комуникативен, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Инаку, таксистите во Штип редовно употребуваат маски, но како што велат, од средства за дезинфекција имаат само средство за лична дезинфекција, додека дезинфекција на возилото по завршувањето на услугата не се врши.

Сите такси возила во Штип се дезинфицирани еднаш во генералната дезинфекција на такси возилата што ја спроведе Општината Штип. Од таму велат дека дезинфекцијата понатаму е обврска на компанијата и возачот, според здравствените препораки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...