Играта „AION 2” (во верзија наречена “Global“) ќе излезе на 5 октомври во Америка, Европа и Јапонија во своја глобална верзија на англиски јазик, иако веќе околу десет месеци се игра во Кореја и Тајван со својата оригинална азиска верзија со која се нудат доста нови информации што е добро да се знаат, кои ќе бидат вклучени како готови измени од стартот на играта.
„AION 2“ е видеоигра на фирмата „NCSoft“ чиј успех кулминираше со првата верзија на „AION“ па потоа и паралелно со игрите „Guild Wars 1“ и „Guild Wars 2.“ При првата најава на „AION 2“ имаме напис што може да го прочитате овде, иако во меѓувреме се смени датумот за излегување на играта која првично беше најавена за месецов, а за повеќе написи за другите споменати игри доволно е да ги кликнете нивните имиња.
Воедно при настанот „Gamescom 2026“ скорешно излезе и најнов гејмплер трејлер за глобалната верзија на „AION 2“ што може да го погледнете во продолжение:
Toa што се знае од западните играчи на Корејската и Тајванската верзија на „AION“ како најскорешни вести е дека за жал играта е тешко наклонета на „Pay To Win“( во груб превод „Плати за да Победиш“) пристап и има своја верзија за мобилни телефони, но сепак има многу новитети и добри и лоши страни.
Од тоа што е видено досега светот во играта е огромен и прекрасно направен, но рендерирањето на околината кога би ја повлекле најдалеку камерата прикажува непријатели кои се оддалечени само во дијаметар од околу 50 метри од ликот, што значи додека летате со бели ангелски или демонски темни крилја што зависи дали ќе играте со Елиос(„Ангелите“) или Асмодијанците („Демоните“) соодветно, видното поле не прикажува непријатели на теренот иако истражувањето и слободата на движење се неограничени. Но за да се видат играчи непријатели може да се користи минимапата на горниот десен агол.
Исто така слободата на вашето време во играта за заклучни активности се базира на неделно ниво, а дневните 5 квестови во просек се завршуваат за 15 минути играње, но неделните ги даваат вистински вредните награди. Ова значи дека не мора да сте одреден ден логирани за рејд во толку и толку часот со вашата Гилда(Поголема Група Играчи во заедница) или пак за масивни PvP опсади -едноставно ако ви се игра тој „мод“ од играта или „Dungeons“ сами си ги бирате активностите на мени со опции -во секое време и може веднаш да се групирате со рандом групи. Дури и квестањето по светот не е ограничувачко за завршување зони една по една, единствена валута на која треба да внимавате со собирање на мапата се пердувите, додека „Главните“(Поголеми Непријатели) означени на мапа се достапни и за групна и за соло борба, а тоа нуди само козметички ајтеми како награди.
Што се однесува до „PvP“ содржините -иако има заобиколен начин да се купи најдобра „PvE“ опрема со трансфер на валутата наречена „Кина“ што ја заработувате со играње на играта и вашиот лик -таа може да се префрли во премиум валута „Куна“ што најчесто служи за месечни пакови кои ја отклучуваат целата игра со сите можни активности „на тацна“, инаку за истото- месечната претплата за играта чини околу 17 евра. Додека на „Free To Play“ играчите им е иницијално достапна само основната верзија од играта, без сите дополнителни и олеснителни опции за напредување на тие што плаќаат.
„PvE“ опремата се купува на Пазарот („Marketplace“), но „PvP“ опремата не може а се купи, може само да се заработи со борење против други играчи, еден на еден, група на група или во масовни битки со летање при тековни опсади на замоци -сепак откако ќе се собере „сет“ на „PvP“ опрема повторно има заобиколен пат и опција да се надгради до максимум со вистински пари.
Тоа што изненади е што „BattlePass“ опцијата во играта може исто така да се купи без трошење вистински пари -со ова префрлање валути- но тоа што го нуди оваа опција се практично безвредни „ајтеми“ (предмети) кои се споредни и не толку важни.
Најдобрите скинови за оклопи и оружја и тие што најдобро изгледаат не се продаваат во „кеш шопот“, туку се земаат како комплети преку „грајнд на инстанци“ односно „Dungeons“ и преку „кравтање“ односно правење опрема со професии и ресурси собрани во светот. За важноста на скиновите во видео игрите може да прочитате овде. А еве како изгледаат најпривлечните целосни комплети и скинови во играта досега кои се бесплатно достапни за собирање:
Дури има и сериозни индикации дека Креирањето на карактери („Character Creation“/„Character Customization“) во „AION 2“ го надминува истото во „Black Desert Online (BDO)“ кое котираше досега со прво место од сите „ММО-а“ со можности и варијации за правење ликови. Во следното видео се претставени многубројните опции за уредување на изглед на новосоздаден лик:
Сепак една од најдобрите карактеристики на играта -е новитетот во таргетирањето на непријателите -иако се работи за „Tab-targeting“ систем -автоматски се таргетира најблискиот непријател со индикатор на проѕирно кругче токму во правецот во којшто ви гледа ликот и се префрла на поблискиот како го позиционирате својот лик. Ова можеби не звучи како којзнае што -но е најдобар систем во ваков тип на игри -овојпат автоматизиран до перфекција.
На почетокот на глобалната едиција ќе бидат достапни 8 класи додека во Кореја и Тајван има и деветта класа На „Тепач со Челични Тупаници“ што сепак изгледа кул која се очекува да биде имплементирана подоцна.
За „PvP“ највеќе се користи „Assassin“ класата, за „PvE“ тенк класата Темплар, за секогаш врзо да наоѓате група класата „Клерик“ што е лекувач(„Healer“), додека за најлесно да поминете во играта и воедно една од најпривлечните класи е Гладијаторот што користи тежок метален оклоп и дворак меч и има удари што „вампирски“ му враќаат здравје додека удира противници и дури без проблем може да ја заземе и улогата на тенк, ако нема достапен играч што е Темплар. Еве како изгледа класата Гладијатор со женски лик:
Има и класични волшебници преку класата „Sorcerer“ но тие се потпираат на нанесување висока штета на противници со висок ризик фактор да бидат лесно поразени и поретко се популарен избор додека Спиритмастер и Чантер се вид на хибридни класи на „полу-магионичари“.
Кај Стрелецот позиционирањето е побитно од самата употреба на скилови така што е добро да се инвестира во скиловите за мобилност. Иако овие индикации стојат играта достигна ниво на баланс помеѓу класите каде сите класи се супер и која било класа и да ја почнете нема да згрешите.
Важно е каков лик ќе одберете да играте дека обично првиот лик ви станува главен, иако балансот во играта е исполиран со месеци и месеци на „твикање“ и подесување со бројни „пачови“(ажурирања на играта) и „апдејти“(дополнителни тековни надградби и балансирања во вид на поправки на содржини и багови (грешки во играта)) на класи со „нерфови“(намалување на вредности на способности) и „бафови“ (појачувања) што сега играта во азиската верзија е во состојба каде „AION 2“ е балансирања перфекција и сите класи се еднакво ефективни и не може да се згреши во изборот а сè зависи најмногу од тоа вие што сакате да играте.
Покрај гореспоменатото мора да се нагласи дека учествувањето во играта „AION 2“ е сосема бесплатно и не мора да се купува базичната игра. Туку само се инсталира и се игра. Затоа и се смета дека ќе наиде на голем глобален успех иако најуспешната азиска игра во ММО жанрот и најскорешниот период е сè уште играта „Where Winds Meet.“
Ако имавте доста непознати термини во овој напис, ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за RPG гејмерски термини, каде сите општо употребувани фрази и називи од гејмерите во светот и кај нас се објаснети детално што значат на македонски јазик со описни објаснувања на концепти – од збор до збор.
