Најавени се поголем број нови релативно добри и забавни видеоигри со витези од кои повеќето се необични. Во смисла дека повеќето се нови иновации на средновековни борби, а има и класични „меч и магија“ игри сработени од страна на инди девелопери што ги емулираат светските хитови во „RPG“ жанрот, кој уште е во подем особено кога се игра со витез.
Се работи за временски патник пристигнат од далечна иднина во средновековието на мисија што ќе ја измени историјата за подобра иднина. Но и таа идеја често употребувана во научната фантастика како образец е искарикирана во играва. Се борите против роеви на витези и ги утепувате со газење со кола, пукање со огнени оружја, удари со кундак и рушење на околината. Всушност кога ќе нагрнат витезите да ве напаѓаат, многу потсетува на игрите со хорди зомбиња кои навалуваат на играчот што ги треби затоа што навистина ги има премногу насекаде во сите правци-што иако е брутално насилството во играта всушност целта и е да биде и комична и забавна. Играта се најавува веќе две години и сè уште нема датум кога точно ќе излезе.
Ова е игра со витези темплари слична на „Diablo“, „Warhammer“ и „Vampire Survivors“. Темпларите се борат и со модерни и со средновековни оружја низ сетинг на биометриска RPG игра во „survivor-like“ жанрот- каде им навалуваат демони од сите правци во непрестајни бранови чија популација се зголемува целовремено како напредувате.
Сите различни класи во играта се Темплари, но со различни почетни оружја способности и изглед каде има и жени во витешки оклоп што може да се одберат за главен лик со кој играте. Играта е во „ран пристап“ („Early Access“) а цената на различните изданија се движи од петнаесет до дваесетина евра во зависност кој пакет ќе го купите, ако ви се допадне самиот концепт и игра.
Ова е доста добро сработена хумористична игра каде играте витез -чувар на портата во замок и се соочувате со различни ситуации кого да пуштите внатре, а кого да одбиете. Инспекциите за влез знаат да бидат доста инвентивни и забавни како што се гледа од самиот трејлер. Доста оригинална идеја за веќе реализирана игра што несомнено ќе понуди доста забава- најавена е за 2027 година, но во моментов може да аплицирате за тестирање на играта и да си ја додадете во „Wishlist“ на „Steam“.
Оваа игра е посериозен обид да се направи игра со витези -фокусирајќи се на ефикасните техники за употреба на меч во борба помеѓу витези во полн оклоп со крвави и брутални смртоносни удари целовремено во текот на играта, сепак „Knight’s Path“ не се фокусира целосно да ја емулира реалистичноста во тој период затоа што во трејлерот е прикажана и борба со змеј -карактеристика на епска фантастика, а не на историски егзатна видеоигра. Во тој домен на историска егзатност најавена е уште една игра што потсетува на „Total War“ серијалот со измена дека според трејлерот може да играте со било кој војник што ќе го одберете на бојното поле во трето лице, наречена „Chronicles: Medieval“ за која исто така нема датум за излегување на играта како и за „Knight’s Path“ -но може да го погледнете трејлерот во продолжение:
Уште една игра со витези во стилот на Диабло, е играта:
Играта е „spinoff“ на приказната за Крал Артур и витезите на тркалезната маса, со нов витешки ред којшто со сите средства се бори против злото и со употреба на магии, и се работи за мрачна „sandbox“ игра со преживување со интересна атмосфера, што потсетува и на „Path of Exile“ серијалот на игри.
И за крај еден од повпечатливите наслови кој привлече најголемо внимание дека е направен од „инди“ девелоперите „Probablymonsters“, а изгледа како скап наслов од поголема фирма- е играта:
Во оваа игра прогресирате низ делови од огромен проколнат град, каде поминувате нивоа на чиј крај од фаза има „Бос“ што треба да го победите. Потоа се враќате во вашата база каде ја сторнирате опремата, правите оружја и надградувате способности -со чии комбинации може да правите и тестирате сопствени билдови. Областите што треба да ги прочистите од демонската корупираност ви нудат ретки и легендарни оружја и оклопи и играта градуално станува се потешка. Има работи што можете да ги задржите и некои што не можете, но сепак прогресирањето се базира на изминат труд од претходни потфати. Но секако мора да се земе во предвид дека сето ова од гореспоменатото е имагинарно.
Играта „Crimson Moon“ е најавена да излезе во септември годинава.
Сè на сè најавени се голем број игри со витези- некои обични а некои необични, но сепак тенденцијата за креативност и варијации на оваа тема е видно развиена во гејминг индустријата и особено во последно време продолжува да се иновира со секоја новонаавена видеоигра.
