Out оf Words е новонајавена рачно изработена игра со „Motion stop“ (стоп-анимација), ќе може да се игра со двајца играчи на ист екран, но и мрежно. Играта е со многу сличен концепт како познатиот хит за двајца играчи It Takes Two. Но сепак со многу повеќе труд и инвентивност придодадени во процесот на правење на играта.
Иако играта се класифицира како „кооперативна платформска авантура“, ликовите кои се бираат во играта се човечки ликови – момче и девојка на коишто им се губат устите.
Играта е базирана на идеја на данскиот поет Мортен Сондергард, која гласи дека темата е за „Сомнежи и конфузија што доаѓаат при комуникација со искуството на прва љубов“.
Идејата е развиена од девелоперите „Wired Fly и Kong Orange“. Самата симболика на ликовите без усти секако во подконтекст исто така може да се сфати како референца за Слобода на Говор, ширум светот особено кај младите. Ликовите Курт и Карла во играта „ги наоѓаат зборовите да се изразат“.
Играта е направена со рачно изработени фигури и стоп-анимација. Тоа значи дека за сите движења во играта фигурите се прво направени со подвижни зглобови за поставување во разни позиции кои се фотографирани и во секоја секунда содржат по 24 фрејма.
Секако во игра е полесно ова да се постигне одошто во анимиран филм од овој тип затоа што иако аниматорите на цртаните филмови во модерно време користат компјутерски програми за готови анимации полесно им е да прават поедноставни ликови.
Девелоперерите на играта направија подвиг за кој треба многу повеќе време преку рачни изработки, што е труд што неминовно повеќе се цени одошто генерирање анимации преку директно дигитално цртање и со употреба на вештачка Интелигенција. Сосема е поразлично кога рано се прави нешто занатски зад кое стои доста труд и човечка емоција. И ова е главната причина што играта Out Of Words привлече огромно внимание.
Загатките во играта пркосат на законите на физиката и се интересни и инвентивни и како прогресирате низ играта стануваат се потешки и покомплицирани, но сепак на ниво што не е тотално претерано затоа што играта е наменета за светска публика на гејмери и гејмерки.
Out of Words е планирана да излезе во 2026 година без се уште прецизиран датум на објавување. Но секако гејмерите ширум светот ја очекуваат со голем ентузијазам.