По светскиот успех на играта Black Myth: Wukong се докажа дека игрите од кинеско производство можат да котираат меѓу најквалитетните и најпродаваните во гејминг индустријата. Новонајавената кинеска видеоигра во изработка „Blood Message“ има огромен потенцијал да стане светски хит поради квалитетот и концептот.

Оваа игра се базира на историска приказна од периодот на Танг династијата во Кина за време на „Дунхуанг Востанието“ и локациите во играта се реконструкција  од вистински историски локалитети.

Нема фантазиски концепти приказната е историска, но сепак херојска со линеарен развиток и многу кул акција и борби. Фановите детектираа дека борбите во играта влечат инспирација од постарите првични Assassin’s Creed игри и потсетуваат на борбите во Prince of Persia серијалот на игри. 

Но сепак има ново ниво на „реализам“ во начинот на кој што се одвиваат борбите особено сегментите на бојно поле каде движењето е поблиску до тоа како би изгледало вистинско борење со мечови, ножеви, копја и други оружја за од блиску со мала доза на смотаност и трапавост.

Но сепак со интересни движења на извежбан воин сосема малку појачани и претерани за ефект. Светот е направен во Unreal Engine 5, иако е под јурисдикција на NetEase Games се работи за ново студио наречено ThunderFire 24 Entertainment на кое ова им е првата игра. Самиот вебсајт за играта е мајсторски сработен и со анимации и слики од локации од играта.

Според очекувањата и реакциите досега оваа игра се очекува да биде светски хит. Не е најавено конкретно кога ќе излезе, но се очекува да биде скоро и да направи вистински „Бум“ на светско ниво.