Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и повеќекратниот добитник на Греми, Луис Бонила

Фото: ЗЏМ биг бенд

На 28 декември во 20 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез. ЗЏМ биг бенд ќе настапат на новогодишен концерт заедно со Луис Бонила кој е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика.

Бонила е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.