Фото: Снимка од видео

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за поскапување на најголем дел од горивата за половина денар, а на екстра лесното масло и на мазутот за еден денар. Новите цени ќе стапат на сила на полноќ.

Со зголемувањето на цената за половина денар, од утре бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 68 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 60,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),и ќе се продава за 60 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 34,889 денари за килограм.