fbpx

Новите вржени сериозна закана за Пелагониското поле

-

Новите врнежи од дожд го вклучија црвеното светло во Пелагонија. Почвата е презаситена со влага, па најавите дека врнежите од дожд ќе продолжат во текот на наредните денови ги вознемирија надлежните.

– Ја следиме состојбата, но земјата веќе е презаситена со влага и ако продолжат вржените, ќе имаме проблеми – вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Стравувајќи од излевање на Црна Река, надлежните апелираат дека етапното чистење на коритото не е решение за големиот проблем со излевање на реката при обилни врнежи и при поплавување на илјадници хектари плодно земјиште. Деновиве почна акцијата за чистење на коритото на Црна Река во Новачко поле, но само во најкритичните делови, бидејќи доделени биле само 20 тони нафта.

– Ова, според мене, не е решение, потребно е детално чистење на дното на реката Црна бидејќи не е чистено со годинии. Дното на реката е околу 1-1,5 метар повисоко од основното, натрупано со ѓубре. Имаме проблем, ако дојде до поројни дождови, водата што ја собираме по каналите, реката Црна не може да ја прими. Водата од реката тогаш се враќа по каналите и се излева по нивите. Со етапно чистење на Црна, ефектот е помал – вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

Покрај реката Црна се чистат и поголемите канали низ Пелагонија. Битолскиот дел на Пелагонија има околу 135 километри каналска мрежа. Од 2006 година досега се исчистени 105 километри, а деновиве е избрана фирма за чистење на преостанатата каналска мрежа.

– Оваа година ќе се чисти третиот и четвртиот канал крај селото Агларци и каналот крај селото Ивањевци. До 2012 година каналите се чистеа со нафта од стоковите резерви во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи. Планот е сите канали да бидат исчистени вклучувајќи ја и реката Шемница и коритото на Драгор – вели Јошевски.

Овој месец поројните дождови поплавија делови од Пелагонија, а пред две години во општина Новаци беа поплавени 2.000 хектари обработлива земјоделска површина.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...