fbpx

Новите членови на Советите на АВМУ и МРТВ останаа во сенка на изборните случувања

-

Изборот на нови членови во советите на Македонската радио телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) остана во сенка на политичките и изборните случувања во земјата. Овие позиции не можеа да се пополнат неколку години, па парламентот повремено го продолжуваше мандатот на сегашните членови. Со отворањето на конкурсот во втората половина од годинава, на кој се пријавија околу 60 кандидати, како да се ближи решавањето на овој долгогодишен проблем. Сепак, изгледа дека барем засега не е така, пишува Порталб.мк. Успешните реформи во медиумскиот сектор, ја доближуваат Македонија до Европската Унија.

Во врска со ова прашање Порталб.мк стапи во контакт со службите за информирање на Собранието, од каде во февруари рекоа дека поради изборите невозможен е изборот на нови членови, а пред изборите исто така не се можни нови именувања, па се очекува ова да добие епилог во следниот период.

Но, ова е во спротивност со одлуката на Собранието, бидејќи претседателот на Комисијата за прашања на избори и именувања изјави дека ќе има јавна расправа, што никогаш не се одржа.

„По празниците, по 20 август, очекувам да ја свикаме првата седница за избор на нови членови, по што ќе следи јавна расправа и избори“, изјави тогаш за БИРН Костадин Костадинов, претседател на соодветната собраниска комисија.

Сепак, изборот на овие членови не се гледа никаде на хоризонтот, особено кога политичката ситуација во земјава е многу напната. Опозициските партии и властодршците се „караат“ кој има мнозинство, а кој легитимитет да ја води Владата.

Исто така, останува нејасно дали новите членови ќе бидат избрани од неодамна одржаниот конкурс или пак ќе биде отворен нов конкурс.

Собраниската Комисија за прашања и именувањата во мај годинава повторно го распиша новиот конкурс за нови членови на двата совета, на кој кандидатите можеа да се пријават до 7 јуни.

Инаку, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вели дека:

Членовите на Советот на АВМУ се именуваат за период од пет години.

Но, сегашните членови на советот беа именувани за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во 2012 и 2014 година и нема нивна замена.

Тие работеа и одлучуваа неколку години со изминати мандати.

Изборот на нови членови на АВМУ и МРТ од страна на Собранието се одолговлекува повеќе од две години, прво поради фактот што партиите не успеаја да најдат заеднички јазик, а сега поради сè уште нејасни причини поради ниската транспарентност.

Во меѓувреме, Европската комисија во последниот извештај за Северна Македонија, повторно подвлече дека реформскиот процес во МРТВ е попречен од доцнењето на овие именувања.

„Јавниот сервис донесе петгодишна развојна стратегија, но реформскиот процес е отежнат поради доцнењето на назначувањето на членовите во неговиот одбор и управниот одбор на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Кризата со КОВИД-19 имаше силно економско влијание врз медиумскиот сектор, особено врз регионалните и локалните актери. Медиумите беа вклучени во пакетот помош, но останува да се решат работните права на новинарите“, се вели во годинешниот извештај на ЕК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...