Новиот министер за образование на Србија на првиот работен ден дочекан со протест

Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Дејан Павловиќ, изјави дека протестот пред Министерството за образование е одговор на просветните работници и академската заедница на потезите на власта, вклучително и изборот на Дејан Вук Станковиќ за ресорен министер

-

Студентите веќе осми ден ја блокираат зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), а најавија дека блокадата ќе трае сè до исполнување на нивните барања. Во тек е и протест пред Министерството за образование, а граѓаните го изразуваат своето незадоволство поради именувањето на Дејан Вук Станковиќ за нов министер за образование, пренесува Н1.

Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Дејан Павловиќ, изјави дека протестот пред Министерството за образование е одговор на просветните работници и академската заедница на потезите на власта, вклучително и изборот на Дејан Вук Станковиќ за ресорен министер.

„Биографиите и изјавите на министрите, и на сегашните и на поранешните, се јасен показател дека тие не сакаат компромис, нешто што општеството во Србија го посакува – а тоа се просперитет, наука и образование“, изјави Павловиќ, кој е и член на иницијативата „Побунет универзитет“, која бара исполнување на студентските барања и укинување на уредбата со која се намалени примањата на професорите, а науката е обезвреднета.

Според него, на местото министер за образование не е поставен човек кој ужива авторитет и кој може да разговара, а не да се заканува. Павловиќ оцени и дека премиерот Ѓуро Мацут има поголеми шанси за преговори со просветните работници отколку новиот министер Дејан Вук Станковиќ, бидејќи делува посмирено и поразумно, а истовремено е и професор. Тој додаде дека новата Влада на Србија не може да се однесува како да е општеството ресетирано, туку најпрво мора да одговори на спорните прашања што постојат во општеството.

„Нè навредија како универзитет со една канцерогена и неуставна уредба, со која десетици илјади луѓе беа ставени во проблематична положба“, рече Павловиќ, посочувајќи дека многу професори нема да можат да платат кирија или да ги нахранат своите деца.

Павловиќ потенцираше дека луѓето во Министерството за образование се образовани и дека потребно е некој да излезе и да ја објасни одржливоста на уредбата за високото образование, која според него е правно неодржлива. Уредбата истовремено ја преминува границата на правното и длабоко навлегува во етиката, загрозувајќи ја егзистенцијата на луѓето. „Многу е важно тие да понудат решение како ќе се извлечат од проблемот што самите го создадоа, бидејќи ниту студентите, ниту универзитетот не го создадоа овој проблем. Овој проблем има име и презиме и тим кој е многу криминоген и тоа мора да се промени“, рече Павловиќ.

„На факултет ќе се вратиме дури кога ќе го излечиме системот“

Студентите од Факултетот за медицински науки во Крагуевац денеска протестираат бидејќи се противат на одлуката на научно-наставниот совет да се премине на онлајн настава. Неколкумина од нив се обратија до присутните, оценувајќи дека воведувањето на онлајн наставата е нелегално.

„Како одговор на воведувањето на нелегалната онлајн настава, студентите од Факултетот за медицински науки ги блокираат училниците и работата на службите на институтот. Во првиот час од блокадата, двајца студенти беа нападнати“, изјави еден од студентите.

ИзворН1

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“....