fbpx

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

-

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на СЈО, во кој поранешната министерка Гордана Јанкуловска беше осудена.

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска изјави во медиумите дека нема намера да го потпише предложениот кандидат за раководител на СВР Скопје. Наспроти ова, во официјалното соопштение на МВР се вели дека Ристо Ставревски веќе е именуван за началник на СВР Скопје на местото на Тони Јакимовски, којшто од денеска е дополнителен заменик началник.

Името на Ристо Ставревски се појави и во судскиот процес „Титаник“, каде што во судот се читаа СМС пораки на поранешната министерка Јанкуловска разменети со него и со Кирил Тодоровски, кои водат кон сомнение дека се преземале активности за партиски цели што се надвор од овластувањата во МВР. Воедно, Ставревски три години бил и претседател на комисијата за јавни набавки, преку која бил набавен мерцедесот од 600.000 евра.

Освен ваквото кадровско решение предложено од новиот министер Наќе Чулев, засега нема спорни имиња меѓу власта и опозицијата при назначувањето на останатите раководители во МВР. Нови началници се назначени во СВР Битола, СВР Штип, СВР Охрид, СВР Велес, СВР Струмица и Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Васко Наумовски е назначен за началник на Единицата за интервентна полиција, додека досегашниот началник Примислав Димовски ќе биде нејзин дополнителен заменик началник. За началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е именуван Александар Јанев, додека Лазо Велковски ќе биде дополнителен заменик началник. Сашко Зенговски е идниот началник на Одделот за специјални полициски операции, а Ивица Бисовски ќе биде командант на Единицата за специјални задачи во Одделот за специјални полициски операции.

Наќе Чулев досега назначи 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители во МВР. Според закон, тој ќе може да именува уште тројца раководители во ова министерство, како и тројца дополнителни заменици раководители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи...
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
free download udemy course
download xiomi firmware
Download WordPress Themes
lynda course free download