fbpx

Новиот Дом на култура во Тетово, започнат во 2014 година, ќе се гради уште три години!

-

Новиот Дом на културата во Тетово веќе пет години се гради и никако да заврши – според одговорните, се предвидува дека ќе бидат потребни уште три години за да биде готов, пишува „Порталб.мк“.

Првата фаза на изградба, според директорот, Артан Арслани се очекува да заврши во декември. Во изјава за Порталб.мк, тој вели дека ќе има пенали ако работата не биде завршена до тогаш.

– Првата фаза ја опфаќа затворената карабина на објектот, која е при крај. Според информациите од терен, таа се очекува да биде завршена во рок од еден месец. Активностите за оваа фаза се речиси готови, остануваат само неколку прозорци и неколку ѕидовите се обојат. На крајот на декември истекува договорот на ангажираните работници за оваа фаза, ако не ги завршат работите до тогаш, следуваат пенали – изјави Арслани за „Порталб.мк“.

Според него, паралелно се работи и на втората фаза „бидејќи не сакаат да губат повеќе време“.

– Паралелно работиме и на втората фаза, постапките за оваа фаза се долги и токму поради тоа не сакаме да губиме повеќе време. Во моментов сме при крај со проектирање на ентериерот, фирмата ги заврши работите, меѓутоа вршиме мали исправки. Втората и завршна фаза се очекува да заврши три години од започнувањето – објаснува директорот.

По завршувањето на подготовката за втората фаза, оваа институција ќе треба да достави извештај до Владата за тоа дека се подготвени за започнување на втората фаза, извештај што Владата ќе треба да го усвои, за да се отвори тендерот за втората и завршна фаза.

Изградбата на Домот на Културата во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска го претстави идејното решение за изгледот на мултифункционалниот објект, кој ќе треба да понуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за овој објект беше положен на 28 октомври 2014.

Цената за првата фаза од изградбата на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, а со почетокот на втората фаза и објавувањето на тендерот за внатрешно уредување цената ќе достигне до 40 милиони евра.

Проектот за изградба на овој мултифункционален културен центар е еден од капиталните проекти на претходната влада, предвиден да биде реализиран неколку години наназад. Со изградбата на овој центар ќе биде решен просторниот проблем на повеќе институции, како театарот, библиотеката, Центарот за култура и други, кои неколку години функционираат во едно место.

Во очекување на реализација на овој проект, културната и уметничката дејност се одвиваат во привремени средини и вонстандардни услови, а Библиотеката „Кочо Рацин” останува премала, со малку книги и со лоши услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...