fbpx

Новиот британски премиер Риши Сунак најави дека ќе се носат тешки одлуки

-

Во својот прв говор како премиер на Обединетото Кралство (ОК), Риши Сунак, кој на позицијата дојде по само 49-дневен мандат на неговата претходничка Лиз Трас, денеска предупреди дека ќе се носат „тешки одлуки“ од неговата влада која треба да се справува со „длабоката економска криза“, пренесе Би-Би-Си.

Сунак зборуваше пред kДаунинг Стрит 10 веднаш откако беше назначен на функцијата од кралот Чарлс. Се очекува Сунак попладнево да го соопшти составот на неговиот владин кабинет.

Новиот премиер, кој е со индиско потекло, е истовремено и првиот премиер на Обединетото Кралство со азиско потекло.

На Ториевците, односно на членовите на Конзервативната партија им порача дека ќе треба да се обединат или да се соочат со „изборен пораз“ и нагласи дека е избран за претседател на партијата за да „ги поправи“ грешките на неговата претходничка Трас.

Сунак беше инаугуриран како претседател на партијата вчера.

Инаку, Трас го порази Сунак на партиските избори летово, но нејзиното владеење не траеше долго – таа во премиерската фотелја беше само 49 дена. Конзервативната партија ја презеде власта во земјата со голема изборна предност во 2019 година.

Сунак во неговиот говор сепак им одаде признание на претходниците Трас и Борис Џонсон, велејќи дека досегашната премиерка имала благородна цел да го подобри растежот на земјата, но и дека „некои грешки се направени. Не со лоша намера, напротив, но сепак беа грешки“.

„Јас бев избран за претседател на партијата и за премиер делумно и за да ги поправам. И таа работа почнува веднаш“, порача новиот британски премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...