fbpx

Новинарските и медиумските организации против враќањето на државните кампањи во медиумите

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот на Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките партии.

Во писмото ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ реагираат на најавите за укинување на забраната за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми преку менување на членот 102 од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и укажуваат на штетните последици.

„Еснафските новинарски и медиумски организации укажуваат дека оваа пракса на откупување на простор во медиумите од страна на јавните установи во медиумите за кампањи може да ја поткопа независноста во медиумите и да го загрози правото на слобода на изразување. Дополнително, ова може сериозно да го наруши медиумскиот пазар кој и така е под влијание преку јавни средства кои се предвидуваат во Изборниот закон преку платената политичка програма (ППР)“, се наведува во заедничкото соопштение.

Тие додаваат дека освен штетата кон независноста на медиумите, а со тоа и штетата на правото на информирање на граѓаните, оваа пракса на враќање на платените владини кампањи, може да го манипулира јавниот интерес преку кампањи кои би се промовирале како јавни, а во основа имаат политичко партиски цели за промоција на одредени партиски субјекти и нивните политики во приватните медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...