Новинарот на Мета, Гоше Николов добитник на регионална награда за продукциска извонредност

„Фасцинантна анализа за тоа како мемињата служат како универзален медиум за комуникација преку границите“, се вели во објавата на Фондацијата Томсон во врска со сторијата на Николов со наслов „Мемиња: Јазикот на интернетот кој ги надминува културните бариери“

-

Новинарот на Мета, и основач на Инстаграм профилот Студентарија, Гоше Николов, е добитник на награда за продукциска извонредност на Фондацијата Томсон и Британскиот совет за сторијата за јазикот на мемињата во рамки на проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WB), поддржан од Европската Унија.

„На церемонијата на доделување награди во Белград се прослави извонредниот придонес на победниците во културното раскажување. Нивната работа го истакнува уметничкото богатство на регионот и поттикнува подлабоки врски низ Западниот Балкан“, се вели во објавата на новинарската платформа Џурналифт на Фондацијата Томсон.

Добитниците на Наградата за продукциска извонредност беа избрани од жирито во состав: Марко Милетиќ, Агнеса Чаволи и Тони Цифровски.

Сите добитници на наградата во индивидуална и колаборативна категорија | Фото: Џурналифт

Победници во категорија индивидуални стории:

Прва награда – Мирана Дмитровиќ (Србија)

Прошетка низ историјата на уметничката сцена во Суботица: „Сè е овде, но ништо не е таму“ – Волшебно истражување на уметничкото наследство на Суботица, фрлајќи светлина на нејзината скриена, но енергична сцена

Втора награда – Аниса Шерак (Босна и Херцеговина)

Тузланската техо револуција: културно наследство во електронската музика“ – длабоко нурнување во андерграунд музичката култура што го обликува креативниот пејзаж на Тузла

Трета награда – Гоше Николов (Северна Македонија)

Мемиња: Јазикот на интернетот кој ги надминува културните бариери“ – Фасцинантна анализа за тоа како мемињата служат како универзален медиум за комуникација преку границите

Победници во категорија колаборативни стории:

Прва награда – Лидија Пискер и Сања Ѓорѓевиќ (Босна и Херцеговина, Србија)

Женските лица од нашите улици во Нови Сад и Зеница“ – моќен наратив кој ги прикажува занемарените приказни на жените кои ја обликувале историјата на овие градови

Втора награда – Лидија Пискер и Џенсон Цела (Босна и Херцеговина, Албанија)

Една зграда, еден милион приказни – Хотел Зеница и Пирамида Тирана“ – привлечна слика на две знаменитости како симболи на променливите времиња

Трета награда – Фатбарда Нерѓони и Албина Вицковиќ (Албанија, Босна и Херцеговина)

Досие – Позицијата на музеите во културните политики: Музеи во Западен Балкан“ – Критичко испитување на улогата и предизвиците на музеите во зачувувањето на регионалното наследство

Сите написи објавени за време на проектот CC4WB се достапни ТУКА.

Мемиња: јазикот на интернетот кој ги надминува културните бариери

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...