Новинарките Јордановска и Јаневска добија пофалница „Никола Младенов“ за серија написи на Мета.мк на тема семејно насилство

Новинарките се наградени за серија написи на тема семејно насилство, кои Мета.мк ги објави минатата година, а кои открија многу детали за случаите на семејно насилство во земјата

-

Meри Јордановска и Антонија Јаневска, се добитнички на пофалница на годинашното доделување на новинарските награди „Никола Младенов“, за истакнат новинарски ангажман во категоријата „Најдобра истражувачка сторија“. Новинарките се наградени за серија написи на тема семејно насилство, кои Мета.мк ги објави минатата година, а кои открија многу детали за случаите на семејно насилство во земјата. Меѓу другото беше објавено дека во последните 4 години, повеќе од 90 отсто од насилниците се мажи, а жртвите најчесто се жени, поточно сопруги или мајки. Во овој период биле убиени 22 лица во случаи на семејно насилство, а сторителите ретко завршуваат во затвор.

Годинашните добитници на награди и пофалници „Никола Младенов“. Фото: Мета.мк

Tимот новинари од емисијата „КОД“ ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2024“, за серијалот истражувачки стории за тендерите во енергетскиот сектор, објавени на ТВ Телма. Истражувањето на тимот на „КОД“ обелоденува сериозно коруптивно постапување на државните институции при спроведување на тендери и набавки во енергетскиот сектор во милионски износи.

Втората награда за Најдобра истражувачка сторија ја доби новинарот Петар Клинчарски за серијалот текстови за Државна лотарија, објавени на веб-порталот на Радио Слободна Европа. Авторот Клинчарски, преку серија текстови открива незаконско постапување во Државна лотарија при закуп на нов деловен простор и тендерите што ги спроведуваше акционерското друштво во време на поранешниот директор.

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија ја доби третата награда за Најдобра истражувачка сторија за истражувањето „Украдени животи“, емитувано на МТВ1 и на веб-порталот на ИРЛ. Сторијата „Украдени животи“ разоткрива измами со брзи кредити, откако лични податоци на граѓаните протекле од државни институции и биле злоупотребени од организирани криминални групи од Македонија, Косово и Бугарија. Истражувањето прецизно ги отсликува последиците од потфрлањето на институциите да се обезбеди ефикасен надзор врз работата на финансиските друштва во земјата.

Наградата за најиновативен новинарски производ ја делат тимот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за новинарскиот проект „Мобилна редакција: Кичево“ и новинарките од емисијата „КОД“, Марија Митевска и Снежана Лупевска Созен, за видео сторијата посветена на обвинението за грабнувањето и убиството на малата Вања. Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерот Ѓорѓи Личовски за фотографијата „Ловец на метеори“, објавена во германскиот магазин „Штерн“.

Пофалници за истакнат новинарски ангажман во категоријата Најдобра истражувачка сторија, освен Јаневска и Јордановска од „Мета.мк“, им беа доделени и на Мирослава Симоновска, Билјана Николовска Тодорова, Александар Димитриевски, како и на Александар Методијев и Сузана Мицева.

На годинешниот конкурс што беше објавен на 22 јануари и траеше до 17 февруари 2025 година пристигнаа: 36 стории обработени во 185 текстови/видео прилози во категоријата Најдобра истражувачка сторија, 5 теми обработени во 12 текстови/видео прилози во категоријата Најиновативен новинарски производ и 16 фотографии во категоријата Најдобра репортерска фотографија. Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот Фокус, Никола Младенов кој прерано го загуби животот.

„Имаше крвав поглед како во хорор филм“: По три пријави за семејно насилство дневно

Семејно насилство: Од ќотек до пресуда поминале шест години, насилникот одамна е во бегство

„Тој само ме турна, црвенилото e од алергија, а повредите од нервоза“ – срамот од семејно насилство посилен од болката

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ плоштадот. Папата...

Меџити: Коалицијата „Влен“ станува единствена политичка партија

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет...

Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот...

Студентите во Србија, заедно со илјадници граѓани, Велигденската ноќ ја поминаа на протести

Српските студенти веќе шест ноќи ја блокираат зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) и комплексот на студија на јавниот сервис во Белград. Тие го дочекаа Велигденското утро со илјадници граѓани...

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ...