Новинарка во Србија уапсена, па пуштена оти пишувала за хаос во Клиничкиот центар Војводина

-

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека ќе се укине уредбата за централизирано информирање во врска со корона вирусот, откако вчеравечер една новинарка беше уапсена „поради ширење паника и предизвикување немири“.

Брнабиќ нагласи дека тоа ќе се случи по молба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а дека одлуката за уредбата била нејзина и била глупава.

– Тоа е моја глупост и моја одговорност, моја е глупоста што не образложив кога ја донесовме – рече српската премиерка.

Таа порача оти верува дека уредбата ги штитела граѓаните од непроверени информации, но Вучиќ не сакал да се фрла сенка на целосно информирање.

Уредбата, односно Заклучок на владата, кој стапи на сила завчера, предвидуваше дека за известување на јавноста за состојбата и последиците со заразата каде било, е задолжен исклучиво Кризниот штаб на чие чело е премиерката, а известувањето за превземените мерки од неовластени лица не може да се сметаат точни и проверени, со можност за тоа да има правни последици за ширење дезинформации во период на вонредна состојба.

Ана Лалиќ, новинарка на порталот Nova.rs, беше пуштена од притвор утрово, откако вчеравечер беше уапсена бидејќи Клиничкиот центар на Војводина го известило обвинителството и полицијата дека со својот текст ја вознемирила јавноста и наштетила на угледот на таа здравствена установа. Претходно КЦ Војводина изрази „огорченост поради неточно, непроверено и злонамерно известување на порталот Nova.rs за работата на оваа здравствена институција и обвини за „вознемирување на јавноста и нарушување на угледот“.

Новинарката во текстот под наслов „КЦ Војводина преку пукање: Без заштита за медицинските сестри“ пишувала дека во Клиничкиот центар владее хаос и има хроничен недостиг на основна опрема – лична заштитна опрема, санитетски материјал и лекови.

По приведувањето на Ана Лалиќ и беше изречен притвор од 48 часа, но сепак одлуката беше преиначена.

Поради приведувањето реагираше „Фридом Хаус“, порачувајќи дека иако е пандемија, на новинарите треба да им се овозможи да ја работат својата работа без страв дека ќе бидат уапсени и да ја информираат јавноста за кризата во јавното здравство.

Реагираа и голем број партии, граѓански организации и медиуми во Србија, а револт поради апсењето се изразуваше масовно и на социјалните мрежи.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...