Новинарите ќе покренат приватни тужби ако државата не ги санкционира напаѓачите од 27 април

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ги промовираше двете публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април“, со кои сакаат повторно да ја актуелизираат лошата состојба со неказнивоста на напаѓачите на медиумските работници во земјава.

Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, вели дека Здружението нема да се откаже од нерасчистените случаи на напади на новинари, сниматели и фоторепортери.

– Со оваа публикација, ЗНМ сака да ја потсети владата, но и Основното јавно обвинителство дека правдата за новинарите и медиумските работници од 27 април не е задоволена – изјави Секуловски.

Тој додаде дека речиси три години подоцна, нема ниту еден виновник и ниту една отпочната правна постапка од страна на Основното јавно обвинителство.

Новинарката Душица Мрѓа, како една од нападнатите за време на „крвавиот четврток“, посочи дека и по речиси три години од нападите „правдата е на климави нозе“ за овој случај.

– Се надевам дека додека не застари делото на 27 април следната година, некој нешто ќе преземе во однос на институциите да си ја сработат својата работа, бидејќи ние, дел од новинарите во соработка со ЗНМ, сме подготвени да иницираме сопствени тужби – рече Мрѓа.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, рече дека продолжува големиот проблем со високиот степен на неказнивост на насилствата врз новинарите во земјава.

– Институциите, пред сѐ правосудните органи, мора да ги процесираат овие напади во најбрз можен рок, со цел да ги заштитат колегите од идни напади, но и да ја заштитат демократијата и слободната мисла во земјата – рече тој.

ЗНМ ќе инсистира на одговорност за нападите врз медиумските работници во изминатиот период, но и нагласува дека веќе се побарани измени во Кривичниот законик за зголемување на казните за напаѓачите на новинари. Претседателот на ЗНМ повтори дека неказнивоста ги охрабрува напаѓачите да продолжат со вакви дела секогаш кога нема да се сложуваат со ставовите и известувањето на новинарите.

Од правен аспект, адвокатот Игор Марковски на денешната промоција на публикациите рече дека досегашниот исход на завршени постапки со санкционирање и кривичен прогон на сторителите на напади врз новинарите и останатите медиумски работници изнесува не повеќе од 5 до 10 отсто.

Тој вели дека нападите врз новинарите ја прават оваа професија неатрактивна, со што се јавува потребата од промена на легислативата за овие дела.

– Кривичниот законик мора да се смени и законодавецот да ја препознае потребата на новинарите дека мора да постои посебна глава во Кривичниот законик за заштита на новинарите, каде што државата институционално преку органите на прогон ќе води постапки – истакна Марковски.

Од ЗНМ укажаа на добиеното декларативно ветување од Министерството за правда дека напролет ќе профункционира нова работна група за измени и дополнувања на Кривичниот законик, каде што казните за напад на новинар ќе бидат многу поголеми.

Изработката на двете публикации за нападите на новинарите во изминатиот период е реализирана во рамките на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“, поддржан од холандската амбасада во земјава.

Првата публикација се однесува на нападите врз новинарите кои се случија во последните пет години и е насловена: Хроника за (не)безбедноста на новинарите. Автори на оваа публикација се новинарот Зоран Иванов и адвокатот Игор Марковски.  Во оваа публикација се опишани сите регистрирани напади врз новинарите, а даден е и правен осврт во однос на тоа како новинарите подобро да ги остварат своите права пред институциите на државата.

Втората промовирана публикација носи наслов: Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април. Темата е обработена преку сведоштва на нападнатите новинари и изјави од речиси сите политички чинители. Автори на оваа публикација се Душица Мрѓа, Енис Муртези и Христина Беловска.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...