fbpx

Нови закани за поставени бомби во 18 училишта, МВР утврди дека се лажни

-

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи кои денеска стасаа на електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека веќе завршиле сите потребни проверки на терен по добиените пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат оттаму.

Во изминатиов период секој ден се испраќаат дојави за поставени бомби во училишта. За сите досега се докажа дека се лажни. Завчера Мета објави дека неколку скопски гимназии почнале да практикуваат вклучување во онлајн настава од дома, наместо сосема да се изгуби наставата во деновите кога има дојава за поставена бомба.

Пред неколку дена, за прв пат дојава за поставена бомба беше испратена до Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за внатрешни работи (МВР), но и до „ТВ Канал 5“ и „360 степени“. И овие дојави беа лажни.

Првите дојави за поставена експлозивна налрава стаса во пет гимназии во Скопје на 26 октомври минатата година.

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата за основно и за средно образование во државата, во кое наложуваат во деновите откако ќе стаса дојава, наставата да продолжи онлајн, наместо да се губат цели работни денови.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...