Сајберпанкот е правец што потекнува од научната фантастика и во тој домен на 22 јануари догодина ќе излезе серијата „Неуромансер“. Истовремено, за 25 ноември годинава е најавена премиерата на серијата за најновото продолжение на „Блејд Ранер“ со наслов „Blade Runner 2099“.  

Blade Runner 2099

Според трејлерот, во серијата ќе фигурира женски протагонист во ситуација каде „Репликантите“ (вештачки направени посилни луѓе-биолошки андроиди) го превземаат светот по глобална војна каде луѓето изгубиле. Видлива е атмосферата со видео билборди на цел раб од високи згради како и на главната градба на „Тајрел Корпорацијата“ во вид на модерна пирамида, потоа генетски направени диви животни и сите елементи на франшизата.  

Исто така, кинеската глумица Мишел Јеох ќе биде водич на главниот лик низ филмот. Нејзин напознат филм е „Притаен тигар скриен змеј“ за кој повеќе можете да прочитате овде. Се очекува „Блејд Ранер“ серијата да биде генеричен омаж, но сепак за младата публика што првпат ќе се сретне со темата добар вовед во корените на Сајберпанк жанрот. Најавена беше и видеоигра што беше откажана, која што требаше солидно да ја портретира оваа мрачна иднина за која може да прочитате повеќе на следниот линк

Neuromanser“ 

Иако серијата се вика Неуромансер, продукцијата очигледно црпи приказни од целиот серијал сајберпанк книги на Вилијам Гибсон. Преку главниот лик на трејлерот е претставен ликот на хакерот „Гроф Нула“ („Count Zero“ книга што следува по книгата „Неуромансер“), човек со природна издржливост за хакирање во Киберпросторот преку конзоли од коишто краде информации. Но, има способност да не биде умртвен при процесот. За оваа серија при првата нејзина најава имаме напис што може да го прочитате на следниот линк.   

Сајберпанкот како правец потекнува од две спојни склопки: музичкиот анархистички домен на Панкот споен со мрачната иднина на технологијата и имплантации, клонирања, бесмртност преку дигитален трансфер на свест и секакви интересни оружја како додатоци на човековото тело. 

Во доменот на видеоигрите, реоживувајќи ги истиве теми што беа популарни во „SF“ филмовите во  осумдесетите години, светски најуспешна видеоигра е „Cyberpunk 2077“ во полска продукција, според која има и аниме серијал на „Нетфликс“ наречен „Cyberpunk 2077 Egderunners“ за кои може да прочитате повеќе тука.