fbpx

Нови случаи на туларемија

-

Здравствените власти потврдија дека се пријавени уште три нови случаи на туларемија, пренесе „Алсат-М“.

Со тоа бројката на заболени достигна 13. Двајца од тројцата новозаболени се од Каратманово, а едно лице е од Велес, но и тоа престојувало во Каратманово. Најмногу заболени од туларемија се регистрирани во Каратманово и во Арачиново, а надлежните велат дека постои можност на овие места локално да се прогласи епидемија.

-Може да се прогласи епидемија само на тоа подрачје, но за тоа треба да заседава комисијата. Планирано е утре да имаме уште една седница, да видиме како ќе се одвива работата, дали овде ќе сопре или ќе имаме и нови случаи, повторно локализирани на тоа подрачје. Во тој случај, да, тоа е една од опциите – рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Здравствените власти велат дека мора да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на заразата. Ќе се врши дератизација на канализациските мрежи во Гостивар, Тетово, Берово и во Велес. Туларемијата не се пренесува од човек на човек, туку преку директен контакт со заразени животни, од каснување од крлежи и од вошки, при вдишување прав каде има бактерија на туларемија, при пиење контаминира вода и јадење контаминирана храна и термички недоволно обработено месо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...