fbpx

Нови протести во Белград пред таблоидот „Информер“, се бара повлекување на интервјуто со силувачот

-

Граѓаните на Белград вчера се собраа на нов протест пред редакцијата на провладиниот таблоид „Информер“, барајќи да го отстранат скандалозното интервју со повеќекратно осудуваниот силувач Игор Милошевиќ коешто пред неколку дена се појави на насловната страна на овој весник.

На повик на организацијата „Женска солидарност“, граѓаните на српскиот главен град излегоа да протестираат со главно барање – отстранување на интервјуто од сите медиумски платформи.

Како што јавува телевизијата Н1, активистките на феминистичката организација „Женска солидарност“ добиваат секојдневни закани откако се одлучија да ги предводат протестите против „Информер“ поради објавеното интервју.

„Заканите се зачестени, на социјалните мрежи ги добиваме секојдневно откако повикавме на протести“, вели Јелена Ризниќ од „Женска солидарност“.

Ризниќ ги повика сите истомисленици да не се откажуваат и да не се повлекуваат, додека сите закани што ги добиваат да ги пријават во полиција.

Српскиот весник „Данас“ пак пишува дека скандалозното интервју за таблоидот „Информер“ предизвикало реакција на бројни продажни места во Белград. Дел од белградските продавници и трафики повикаа на бојкот и ги информираа потрошувачите дека во иднина нема да продаваат примероци од „Информер“ на продажните места.

„Почитувани потрошувачи, од почит кон нашите баби, мајки, жени, сестри, ќерки и сите жени, денеска нема да го продаваме весникот „Информер“, се вели во едно од соопштенијата на продажните места во Белград.

Српскиот совет за печат веќе реагираше поради објавеното интервју со силувачот, посочувајќи дека „Информер“ прекршил неколку различни точки од Кодексот на новинарите на Србија, ги понижил жртвите, ја вознемирил јавноста и ги исплашил читателите на овој дневен весник.

Иако станува збор за таблоид којшто е исклучително близок до партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, со негативна реакција за објавеното интервју во „Информер“ излезе и потпретседателката на српската влада и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ.

Михајловиќ во изјава за „Данас“ рече дека медиумите треба да бидат партнери во борбата против насилството врз жените, а не да го поттикнуваат истото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...