fbpx

Нови ограничувања во полицискиот час за возрасните над 67 години и за младите под 18 години

-

Владата на вечерашната седница, донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните. Досегашната забрана за движење за сите граѓани од 21 часот до 6 часот наутро, се заменува со ограничување на движењето од 21 до 5 часот наутро, поради метежот што се создаде во јавниот превоз од потребата, дел од граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука граѓаните над 67 години да можат да се движат само 6 часа во денот, од 5 наутро до 11 претпладне. Од утре е ограничено и движењето на младите до 18 години, за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

„Оваа одлука ја донесовме по предлог на Комисијата за заразни болести. Најосетливи во здравствена смисла се постарите од 67 години, а младите се најголеми преносители на вирусот. Со оваа мерка во ист момент не можат да бидат групирани, едната и другата категорија граѓани. Според епидемиолозите, младите имаат многу лесни симптоми, дури не ни препознаваат дека се носители на вирусот, а многу лесно можат да го пренесат на возрасните лица“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој поосчи дека во наредните денови ќе биде разгледувана и мерката за евентуално целосно укинување на јавниот превоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...