Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за 1 денар, а дизелот поевтинува за половина денар.

Од полноќ, новата цени на „еуросупер БС“ изнесува 73 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 75 денари за еден литар.

Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар.

Новата цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за половина денар и ќе изнесува 51 денар за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе се продава за 34,835 денари за еден килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.