Нови мејлови со закана за поставена бомба испразнија 14 скопски училишта

-

Мејлови со заканувачка содржина за поставени бомби, денеска повторно добија 14 училишта во Скопје. Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) работат на терен, откако претходно заврши евакуацијата на објектите. Оттаму не ја исклучуваат можноста во текот на денот да добијат уште пријави за поставени експлозивни направи.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат во МВР.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот профил на Фејсбук информираше дека дојави стасале во училиштата „Наум Наумовски Борче“, „Стив Наумов“ и во „Наум Охридски“. Вчера, пак, во сите 11 училишта на територија на општината имаше дојави за бомби.

Едно од училиштата кое доби дојава е гимназијата „Орце Николов“. Директорот Митко Димовски за Мета.мк кажа дека е донесена одлука на наставнички совет, по добиена дојава за бомба учениците и професорите да одат дома и во рок од два часа да се вклучат онлајн и да продолжат со наставата, за да не губат часови.

Завчера за прв пат дојава за поставена бомба беше испратена до Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за внатрешни работи (МВР), но и до „ТВ Канал 5“ и „360 степени“. За сите досегашни дојави се утврди дека се лажни.

Првите дојави стасаа во пет училишта во Скопје на 26 октомври лани. Најпрво на удар беа училишта за средно образование, па мејлови почнаа да добиваат и основни училишта, а потоа и трговски центри, станбени згради, хотели и аеродромот во Скопје.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...