Нови лекови за висок притисок, срцеви болести, деменција и депресија се дел од позитивната листа

Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата држава, рече Таравари

-

Девет лека стануваат дел од позитивната листа, објави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Според него, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови, меѓу кои има лекови за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција.

„Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата држава. Офатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, антиагреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција. Најверојатно, на листата се избрани да се стават оние лекови од кои пациентите имаат секојдневна потреба“, кажа Таравари.

Тој појасни дека во процесот на проширување на ппозитивната листа биле ангажирани експерти што работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање лекови на позитивна листа.

Министерот ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со своите апликации за ставање нови лекови на позитивната листа.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...