Нови игри поддржани од Cloud Gaming сервисот Ge Force Now

Space Tail Скриншот од Steam
Space Tail скриншот од Steam

1Space Tails

„Спејс Тејлс“ (Space Tails) е игра со куче астронаут кое патува од планета на планета и се соочува со различни предизвици, од интригантни и комплексни нивоа со секакви логички загатки до големи босеви кои треба да ги победите. Самиот трејлер е импресивен и се гледа дека не се нуди класична платформска игра туку нешто многу повеќе. Најавена е и добра приказна во самата игра, но секако тука е и референцата за Лајка првото куче астронаут, што кај најмладите играчи ќе предизвика интерес за астрономијата и општо за историјата на истражување на вселената во човечки размери. 

Жарките бои, колоритните анимации и секаквите футуристички ефекти како и разноликоста на самите нивоа од различни планети со секакви пејсажи, ќе ве вчудоневидат во самата игра а и несомнено е дека оваа игра ќе остави силен впечаток и кај помладите и кај повозрасните гејмери и гејмерки. 

Space Tail: Every Journey Leads Home на Steam чини околу 17 евра за да се купи, но исто така има и бесплатно демо од играта што можете да го симнете и да го  испробате веднаш. Играта е поддржана и од GFN што значи ќе можете инстантно да си пуштите доколку го користите овој сервис за Cloud Gaming којшто има и бесплатна варијанта. 

2Nobody The Turnaround

Ова е кинескиот трејлер за играта Nobody The Turnaround, Сим-игра со преживување каде се борите против сопствената сиромаштија преку труд и работа и заработувате чесно на различни начини. Кинескиот најнов трејлер открива и многу повеќе аспекти одошто имаше откриено во претходните трејлери и гејмплеј видеа. Исто така во оваа игра е земена во предвид и ковид пандемијата. 

Во наш претходен напис со подлабока анализа е покриена основната смисла на играта и многу специфични елементи што ја прават оваа игра толку посебна и толку добра. Оваа игра знае да биде репетитивна но исто така има и многу варијации на сè што може да се случи. Игра што навистина вреди да се игра и игра што инспирира да не се откажуваме од барање нова работа во беспарица. Всушност тоа и е главната порака во играта наменета за сите генерации. 

Играта моментално е во Early Access фаза на Steam, но можете да го испробате демото на GFN

3The Entropy Centre 

Станува збор за игра со враќање во време со сличен ефект на познатите игри Prince of Persia но со сосема друга механика. Не потсетува на поновите игри каде доживувате еден ист ден како Loopmanser и DeathLoop туку користите ласерска пушка која има способност да враќа предмети и структури изолирано назад во времето а не за пукање во непријатели. Своевидна критика на FPS жанрот во подконтекст дека се користи интерфејс што потсетува на многу футуристички игри со пукање, а главно на Doom игрите, но без ултра-насилство.

Всушност, решавате загатки со изолирано премотување на времето, а целта во играта е да спречите односно целосно да премотате катастрофа што ја снаоѓа нашата планета Земја. Во самата пушка за премотување на времето наназад има вградено и вештачка интелегенција која ве води низ сите авантури и ви помага со покомплексните загатки. 

Оваа игра е нешто сосема ново и различно и токму тоа ја прави уникатна и интересна. Играта чини 25 евра на Steam и е една од најновите излезени игри периодов.