Двата наслови Phantom Blade Zero и Where Winds Meet се долгоочекувани Souls игри со источна тематика.
Од игрите излегоа две нови гејмплеј видеа со траење од 10 минути за обете игри. Но секако не е исто да се гледа игра на Јутјуб и да се испроба самата игра. Иако гејмерите си контрираат во дискусии меѓусебно на оваа тема – тие што знаат повеќе имаат сфатено дека самото играње на играта со динамична атмосфера, звук на чекори и претрчување на други играчи, довикувања на трговци, амбиентална музика и целокупното доживување да сте внесени во играта е тотално различно од гледање трејлер со гејмплеј од дадена игра. Истото важи и за слушање на музика од дадена видеоигра.
Ова е 10 минутното ново видео за Phantom Blade Zero:
За оваа игра имаме и претходен напис овде. Всушност во моментов земајќи ги во предвид останатите најавени нови Souls игри, Phantom Blade Zero е меѓу најисчекуваните. Опцијата за вежбање перфектно дефлектирање удари со сечило драстично го наградува и надградува играчот. Играта ја сметаат за наследник на играта Секиро, но секако визуелните ефекти и инвентивните движења, скокања, егзекуции и сè друго е на сосема повисоко анимирано ниво, а сепак е забележително што се прави додека се изведува одредено комбо.
А ова е 10 минутниот гејмплеј за играта Where Winds Meet, игра за која исто така имаме посебен напис:
Играта засега користи само синхронизација на кинески јазик, но вметнати се титлови кои може да се читаат на англиски јазик. И се очекува ова да биде исто и кога ќе излезе играта. Иако можете да ја играте главната игра и приказна како посебна авантура исто така може и да се борите против други играчи што ќе ги најдете во градови или случајно во дивина.

Покрај бруталните борби и насилство овие две игри нудат и прекрасни пејсажи со природа и античка кинеска и општо источна архитектура, особено второспоментата игра каде скокањето е како на филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“. Во тек е пријавувањето за тестирање на играта Where Winds Meet, каде аплицирате само со еден клик на следниов линк преку Steam, но не е загарантиран пристапот за сите aпликанти- треба да бидете одбрани, веројатно според евалуација на статистиките на вашиот Steam профил.
На следниот линк може дополнително да прочитате за овие две игри, но и за ред други слични игри. Излегувањето на двете игри Phantom Blade Zero и Where Winds Meet генерално e најавено за годинава и се очекува да излезат при крајот на годината.